Soul Diary.

Приказни. Вистини. Лаги. Сништа. Љубов.

Кога сонцето сјаје, а благата есенска острина ми ги нагризува образите, не чекорам по асфалтот, туку лебдам сантим два од површината.
Лебдам зошто со тебе во мислите сум.

Мислам ти ветерот си, кога ненадајно ми доаѓаш, како мисловно да го контолираш и ме галиш, си играш со мојата коса, пак ми ја тргаш марамата, зошто ми го сакаш вратот, гол и твој.
А јас се ежам, како што се ежам од секој твој допир и бакнеж.

Кога ме љубиш, ме љуби и сиот свет, и сонцето и ветрот, и птиците љубов ми пеат. Ти ли ги прати? Ти ти, него кој друг, ти ти…

Портокал, мед, цимет.

Исечено срце, потечени очи, испукани капилари.

Утрото тмурно, без трошка надеж за убав ден.

Душата празна, без трошка надеж за убав ден.

image

На многу бродови се качивме,

Сите ги потона ова море,

Море полно бури, ветрови, бранови…

Не скршија, не парчосаа.

Лебдиме на површината, исцепкани на милион парчиња.

Лебдиме изгубени, раштракани.

Нема сила што ќе не прибере,

Што ќе не стави на едно место,

На мека постела, под сонцето.

Да не огрее, да не затопли, да не оживее.

Го нема ни сонцето, а ни ѕвездите.

Милион делчиња сме, изгубени сред морето.

Може некое ќе заплови под сонцето,

Или ќе сјае со ѕвездите,

Или ќе потоне на морското дно.

Се разбудив со болка во градите.
Матно. Не свесно. Како на друга планета.
Се разбудив во некој друг свет.
Свет на сеништа. Свет на спомени. Свет на инлузии.
Како дотогаш да не бев во инлузија.

Проклет да си што ми го испи срцето.
Како последната голтка од пијалокот,
жеден за повеќе, жеден за нова.
Само дупка ми остана, грутка горчина.
Го зацрни.


Напиј се дел од мене, да се отруеш.
Од отровот кој го создаде во мене.
Што ме јаде одвнатре, што не ме остава да спијам.
Што не ме остава да живеам, што ми ја искриви насмевката.

Напиј се голтка од мене,
во името на старите лаги, лажните бакнежи, за мојата инлузија…
Дека не постоиме, да бидам свесна.
Дека нема ништо. Дека сум сама со горчината.
Да прифатам. Да исплачам.

Потребни беа две три капки вода дневно, по некој сончев зрак, срамежливо пуштен низ дебелата завеса, бар на момент да го огре.

Кревко срце, младо лице, а тажни очи.

Свената поза талка по ноќта, се плаши од светлината… се плаши од тоа што не го знае.

Разговара цвеќето само со себе, де тажно…де бесно е, сака да му каже се, сака да го праша се.

Убав збор да слушнев за се што ти дадов, еден збор убав да слушнев. Да се насмееше и со ѕвездени очи да ме погледнеше. 

Трепет на душата од инлузии, од страв, прашања…каква ли е вистината?!

Сама себе си стави превез на очите, сама му даде се на небото… и младоста, и душата, и срцето.

Сама, исцедена… со последните сили во неа чекореше, а ливчињата од нејзе полека паѓаа.

ме правиш среќна,
како убав сончев ден.
ме правиш среќна,
како песната на птиците.

ме правиш среќна,

како убав сончев ден.

ме правиш среќна,

како песната на птиците.

(via milicaportillo)

те чекам гладна за љубов, гладна за нежности…

(via marijarose90)

една, две, три … капки
да ја наруши тишината
да ми каже дека иако сега сум сама,
не сум единствена на светов.

една, две, три … солзи
кога си сам се плаче, најгласно.
до марс да те слушнат.
зошто нели, си осамен и вриштиш по некој.
обично по оној кој ти ја нанел раната.


еден, два, три … позиви.
не мрдам, не кревам, од инат бе од инат!
да пукнеш! да те боли! ма тебе кур те боли.

еден, два, три … збора, сама со себе.
толку е, до тука било, стаив капак.
дури и прекипе. превисока е планинава да се помине.
сега ја немам таа снага.

еден, два, три … разбуди се.

Живее во мене стравот, дека ќе се изгубиме, дека ќе те нема, дека ќе сум сама. Ќе ми избледи наликов на љубов, ќе се соочам со реалноста, ќе липтам од болка, до последна солза.

На сон ми се јави ангел, црн ангел. Налик на нејзе, крадецот на моите сонови. Не ме остави мирно да спијам, лебдеше во воздухот не велејќи ништо, присуството беше доволно. 

Шума, одиме по еден пат, околу нас само мрак. Црна темница и стотици нејасни звуци, не застрашуваат, те држам цврсто. Студено, па топло, гледам зрак светлна, но набрзо го снемува. Стрмни камења пред нас…

Да не ме чуе ѓаволот дека срцево за него ми чука, ќе ме изгори.

Кревет. Тој и јас.

Го имав обвиткано со рацете, му ја бакнував косата

-ти си ми сон, му реков

-ти си ми се на светот, ми рече

Се разбудив. Тој ден го изгубив.

image

(via damn-djin)

Не ми носи среќа, ми створи нешто поубаво, нешто што расте. Љубов. Ми роди љубов во мене, а во највозвишените моменти таа ти носи чуство многу поголемо од среќа, збир од илјадници чуства. Како компилација од најголемите хитови од дваести век. Сплотено во едно боженство. Има и моменти кога паѓаш… ужасно, боли, плачеш, се губиш за момент… но тука е таа, љубовта. Тука се неговите очи. Тука е  неговиот мирис, неговите раце, неговото постоење.

Постоиме ние, судбината не сакала заедно, патиштата секогаш ќе ни се спојуваат, бидејќи душите ни се љубат. Се случува животот. Тешко е, но ќе преживееш. Со тек на време ќе се случи нешто убаво. Ќе подзаборавиш. И така во круг. Безвременска поврзаност.

Својата скромност ја гледам како голем дар…никогаш не барав многу, добивав толку колку што останатите мислеа дека заслужувам.

Таква ми е душата. Верувам во слобода. Во онаа слобода човек да се однесува онака како што се чуствува.

Не сакам гушење. Не сакам гњавење. Затоа и не го правам тоа.

Што очекувам од останатите? Да ми дадат толку колку што им сака душата. Нека ми дадат тронка од себе, ќе ја почитувам. Нека ми се дадат цели, безкомпромисно, безусловно,. ќе ги сакам дупло.

Да бидеме силни. Да не се изгубиме. Да ја исцедиме горчината од нас. Се опиеме од вино и љубов. Да се разбереме. Разичностите не се критикуваат, тие се прифаќаат. Да се гушнеме. Кога ќе се искараме, после да се сакаме.

Бурно.

Силно.

Засекогаш.

Секое збогум боли. Боли неочекуваното, очекуваното и нашето.

Пладне, топло скопско пладне, на железничката. Го имаше оној трепет во воздухот, како потежок да беше воздухот од нашата тага. Лебдеа милион мисли во воздухот, прашања…дали ова е потребно, дали може поинаку, а потоа се свестувам… ова е најдобро, време е за други приказни.

Потиштени погледи, лажни насмевки, влага во воздухот, но и во очите. Нема зборови, кажано е се. Се слуша само вревата од луѓето околу нас. Како да сакаше да каже нешто, го прекина буката од возот, се сецна. Тивко се испративме, молк меѓу нас, а врескав во себе.

Болни се разделбите со луѓе кои ти биле сиот свет, тешко беше и ова збогум. Тој одбра еден пат, одбрав и јас. Не сакавме, но моравме, кажавме збогум. Тоа најмногу боли, но тоа е избор со кој мораш да научиш да се носиш. Мора да се исплачеш, да го преболиш, да го складираш во спомените, а не во болките. Со време…се си доаѓа со време. Остануваат спомени и по некоја лузна што ќе пецка од време на време.

Сеуште се ежам на тој момент, на разделбата. Љубовта не е мерило за среќа, љубовта не е мерило за постојаност, љубовта колку и да е голема некогаш не успева. Колку да и да сакаме некои луѓе, некогаш тие мора да заминат…